Освен што во Извештајот на Европскиот парламент (ЕП) за напредокот на Македонија остана спорниот Втор протокол на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, и земјата се повикува ги направи уставните измени, во него се посочива и дека јазикот и идентитет се автентична основа на секоја држава и не треба да биде доведуван во прашање од трети страни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Имено во истиот се нагласува дека „јазичниот, културниот и националниот идентитет се автентична основа на секоја држава и не треба да биде доведуван во прашање од трети страни“.
Дополнително во истиот се нотира дека “ваквите прашања не треба да влијаат врз процесот на пристапување во Европската унија (ЕУ), кој се фокусира на спроведувањето на правото на ЕУ и усогласувањето со вредностите и принципите на ЕУ утврдени во Копенхашките критериуми и принципите на добрососедски односи, и кој треба да биде воден од објективни критериуми и да се заснова исклучиво на заслуги“.
Во истиот цврсто се отфрла „етнонационалистичката реторика, вклучително и од политички актери, која поттикнува поделби и ги поткопува добрососедските односи и односите меѓу етничките групи и заедници„ и се повикува “ЕУ да ги засили напорите за ограничување на таквата реторика и нејзиното влијание“.
Во Извештајот се потсетува дека “билатералните спорови меѓу државите треба да се решаваат преку отворен дијалог, со вклучување на граѓанското општество и експертите, и преку вистинска соработка, во добра вера и во согласност со меѓународното право, и дека не треба да се инструментализираат во процесот на пристапување“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе влезе ли во извештај на ЕУ и засилената хибридна кампања против Македонија од Бугарија
Фото: Игор Бансколиев













