„Добрососедство“: Радев не сака средба со Мицкоски

И покрај тоа што бројни функционери од Европската унија (ЕУ) во повеќе наврати повикуваат на дијалог помеѓу Македонија и Бугарија за билатералните прашања, за кој велат и дека ќе го подржале, бугарскиот премиер Румен Радев изјави дека во моментов не гледал потреба за средба со неговиот македонски колега Христијан Мицкоски.

„Немаме што повеќе да му кажеме на премиерот на Северна Македонија. Тој мора да им објасни на Европската унија и на Европската комисија како конечно ќе ги исполнат критериумите за членство“, изјави тој.

Тој ги обвинува властите во Македонија дека всадувале говор на омраза и нетолеранција, дека ја користеле историјата како алатка во меѓународните односи и дека во земјава не се почитувале човековите права и немало јасно утврдени принципи на владеење на правото.

„Властите во Скопје всадуваат говор на омраза, покажуваат нетолеранција и ја користат историјата како алатка во меѓународните односи.

Инсистиравме на вклучување на Бугарите во Уставот на Северна Македонија токму заради заштита на нивните права и успеавме да ги убедиме сите европски лидери да го сфатат проблемот со почитувањето на човековите права, по што го поставивме најферското нешто во преговарачката рамка – вклучување на Бугарите во Уставот и спроведување на договорите, особено според Вториот протокол“, рече тој меѓу друго.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе влезе ли во извештај на ЕУ и засилената хибридна кампања против Македонија од Бугарија

Јазикот и идентитет се автентична основа на секоја држава и не треба да бидат доведувани во прашање од трети страни: Што друго пишува во Извештајот на ЕП за напредокот на Македонија

Што ќе одлучи македонскиот Уставен суд за Вториот протокол откако истиот остана во Извештајот на ЕП за напредокот на Македонија

Фото: Кабинет на претседателката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести