еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Извршител заплени удел во фирма на Цветан Панделески од 2,6 милиони евра

Извршител заплени удел во фирмата „ЦИП Продукт“ на Цветан Панделески во вредност од 160,5 милиони денари или околу 2,6 милиони евра.

Централниот Регистар на Република Македонија постапувајќи по пријавата за упис на евидентирање на Налог за запленување на удел во трговско друштво од 19.11.2018 година од извршителот Снежана Андреевска во трговското друштво за вработување на инвалидни лица за производство и трговија „ЦИП Продукт“ ДООЕЛ Скопје донесе решение со кое се одобрува пријавата.

„Со Налог за заплена на удел од извршител Снежана Андреевска од 19.11.2018 година се врши заплена на уделот во големина од 160.533.717,00 денари од главнината на трговското друштво за вработување на инвалидни лица за производство и трговија „ЦИП Продукт“ ДООЕЛ Скопје со седиште на бул.Кочо Рацин бр.97 Скопје – Центар на должникот/трасант-акцептант Цветан Панделески од Охрид заради наплата на побарување.

Со прибележување на налогот за заплена на уделот во Централниот регистар на РМ, доверителот се стекнува со заложно право на уделот. Му се забранува на должникот да располага со запленетиот удел. Заради проверка за извршувањето на овој налог, извршителот, согласно член 151 став 6 од Законот на извршување ќе изврши увид во книгата на удели и во другите акти на друштвото“, пишува во пријавата што ја објави Центраониот регистер.

Инаку, Цветан Панделески е еден од притворените лица во случајот „Империја“ што го покрена Специјалното јавно обвинителство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цветан Панделески: Компаниите на фамилијата Панделески работат законски

Освен Камчев и Јосифовиќ, во притвор и другите тројца осомничени за „Империја“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најдобрата македонска скијачка Јана Атанасовска избришана од листата за ваучери на Скијачката федерација на Македонија

Редакција

Дебарски бањи Цапа лани со зголемена добивка

Редакција

Најмладото на 29-години: Од Ковид-19 починале 8 лица, дополнително пријавени уште 7

Редакција