Градоначалникот на Гостивар не чувствува лична одговорност за епидемијата во Општината

Градоначалникот на Општина Гостивар, Ваљбон Лимани, каде е прогласена епидемија на заразна болест, поради најверојатно труење на водата, не чувствува лична одговорност за тоа.

Тоа го рече на денешната прес-конференција на која меѓу друго кажа дека три лица од јавното претпријатие за комунална хигиена ЈП „Комуналец“ се суспендирани, меѓу кои и директорката на истото – Артана Асани, која е приведена, заедно со другите две лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Приведена Артана Асани, директорката на гостиварски „Комуналец“, градоначалникот ја суспендираше

Како што е познато директори во јавните локални претпријатија поставува Општината.

-Ги очекуваме резултатите од анализите и врз основа на нив ќе постапиме. Не сакам никој однапред да биде прогласен за виновен, но исто така не смее да има попречување на работата на надлежните органи, рече тој меѓу друго.

Тој најави и дека по објавувањето на резултатите од анализите на водата, Општината ќе започнала активности за дезинфекција и прочистување на водоводната мрежа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Никој не ги објавува резултатите за водата во Гостивар

Дури 3.100 лица побарале медицинска помош во Општина Гостивар

Фото: Фејсбук/Лимани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести