По загадувањето на водата од градскиот водовод и прогласувањето на епидемија на заразна болест, ќе се прави и финансиско вештачење на документи од Општина Гостивар и ЈП Комуналец Гостивар, објави телевизијата ТВ 24.
Ќе се проверуваат тендерите за набававка на хлор распишани пред јавноста да дознае за епидемијата, наредбите и комуникацијата меѓу Општината и ЈП Комуналец, документите на јавното претпријатие, одлуките за поставување водни пумпи…
Исто така ќе се проверуваат и извештаите од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) Тетово, посебно тие од 29. јуни и 13. јули, како и документи од гостиварската болница “Д-р. Ферид Мурад„, објави телевизијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавила Артана Асани, директорката на „Комуналец“ Гостивар, која заврши во притвор
Досега за случајот осомничена е в.д. директорката на ЈП “Комуналец“, Артана Асани и две раководни лица. Сите моментално се во притвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Можна е појава на жолтица во Гостивар
Водоводниот систем во Гостивар ќе се хиперхлорира, а водата секојдневно тројно ќе се тестира
Колку загадена вода пиеја гостиварчани три недели
Фото: Унсплеш














