„Мода„ од Свети Николе со загуба во првото полугодие, продала деловен објект за 17.6 милиони денари

Во првите шест месеци од годинава Мода АД Свети Николе остварила производни резултати кои се за 32% послаби од истиот период минатата година, а истовремено остварениот девизен прилив од остварениот извоз е за 31% послаб од минатогодишниот, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

-Остварено е производство и извоз на  252.164 конфекциски производи во вредност од 1.349.119 евра.

    Намалувањето се должи на намалениот број на работници, при што се остварени само 156.984 работни часови, кои се за 36% помали од истиот период од минатата година.

    Остварената продуктивност изразена преку остварен девизен прилив на еден работен час изнесува 8,59 евра и е за 4,6% подобра од минатогодишната.

    Заради намалениот обем на побарувачката од странство, искористени се дури 21 ден од годишниот одмор за 2026 година, што е за 9 дена повеќе од истиот период на минатата година, велат од таму.

    Приходите од редовното работење изнесуваат 114.509 илјади денари, и истите се пониски за 16,6% од истите лани.

    Расходите изнесуваат 124.398 илјади денари и се за 13,6% пониски од ланските.

    -Остварена е загуба од редовното работење во износ од 9.820 илјади денари.

    Во текот на 2026 година вкупните инвестиции во движен и недвижен имот изнесуваат само 13.350 евра. Друштвото во 2026 година има извршено продажба на деловен објект, при што е остварена капитална добивка од 17.668 илјади денари, велат од таму.

    ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

    Како работела „Мода“ од Свети Николе лани

    Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  1. Најчитани вести

  2. Најчитани вести