еМагазин
Image default
Бизнис

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција побара запирање на финансиски трансакции на сметки во Монако

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција достави барање со Кнежевството Монако да ги запре финансиските трансакции на сметки во Монако на кои се префрлени пари од концесинонерот на центрите за дијализа во Република Македонија.

Oд Службата за односи со јавноста на ЈОРМ информираат дека од оформување на предметот во врска со доделувањето на концесијата за центрите за дијализа, ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција презема низа активности за расветлување на случајот.

– Во рамките на постапката, надлежниот јавен обвинител во изминатиот период, дојде до сознанија дека правното лице – концесионер на центрите за дијализа е отуѓено, а финансиски средства во значителен износ се префрлени на сметки во Монако. Преку меѓународна правна помош доставено е барање до Кнежевството Монако за запирање на извршување на финансиски трансакции на сметките на кои се префрлени пари од продажбата на правното лице во износ од 11 милиони евра, соопшти ЈОРМ.

Воедно, се вели во соопштението, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција од страна на Кнежевството Монако е доставено барање за вклучување на нивен обвинител во истрагата, на што Обвинителството позитивно одговори и го одобри барањето.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Жикол“ го доби милионскиот тендер на Министерството за транспорт за изградба на водоводи во повеќе населени места

Редакција

Кастриот Арифи на местото на Филип Мојсовски во Управниот одбор на Аутомакедонија

Редакција

Граѓаните и фирмите чуваат над милијарда евра во НЛБ Банка

Редакција