Податоците од Извештајот од Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности за периодот од април до јуни годинава покажуваат дека во овој период имало 977 продажби на недвижности од инвеститор.
Од нив 943 се станови, а 34 куќи.
Во однос на првиот квартал има раст за 236 продадени новоградби.
Бројот на продадени станови во вториот кавртал е зголемен за 37%, а нивната вкупна финансиска вредност е зголемена за 43%.
Бројот на продадени куќи е зголемен за 13%, а финансиската вредност е зголемена за 22%.
Кај земјоделското земјиште и шуми, бројот на купопродажби е зголемен за 7%, а финансиската вредност за 14%.
Деловните простори бележат пад на вкупната купопродажната вредност од 7%, а бројот на продадени деловни простори е зголемен за 21%.
Раст на вкупната купопродажната вредност има и кај индустриските објекти од 97% и градежното земјиште од 10%. Бројот на продажби кај индустриските објекти е намален за 16%, а на градежно земјиште е зголемен за 16%. Бројот на продадени гаражи е зголемен за 34%, а нивната вкупна финансиска вредност е зголемена за 46%.
Во овој период се регистрирани 8.369 трансакции – збир од купопродажби и закупи. Споредено со првиот квартал има раст од 7,9%.
Најголем број продадени станови има во Општина Аеродром – 297 станови, а најголем број продадени куќи во Општина Битола – 64.
Најмногу купопродажби на деловен простор има во Општина Центар каде што се продадени 33 деловни простори.
Најмногу земјоделско земјиште и шуми се продадени во Општина Куманово – 79 купопродажби,
Најмногу продадено градежно земјиште има во Општина Куманово – 45 купопродажби.
Во овој период се регистрирани и купопродажби на 203 гаражи.
Во овој период продадени се недвижности со вкупна површина од 7.818.624 метри квадратни за 21.557.508.806 денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Колку е просечната месечна закупнина по метар квадратен станбен простор во Центар, Аеродром, Штип…
Како се движи цената на становите во Скопје?














