еМагазин
Image default
Македонија

„Македонија блокира“ на 1 декември ќе протестира пред Собранието

Невладините организации од „Македонија блокира“, кои се против промена на Уставот и бараат распуштање на Собранието и распишување избори, на 1 декември (сабота) од 12 часот ќе организираат протест пред Собранието на Република Македонија, во исто време за кога е закажана собраниската седница за  нацрт-амандманите на Уставот.

-Во ист ден, во исто време, внатре во Собранието пратениците ќе гласаат за нацрт уставните амандмани,  а надвор пред Собранието ќе биде народот да ја брани македонската држава и македонскиот народ. Влегуваме во финална битка за одбрана на македонската држава и македонскиот народ.

Последна шанса за нашата генерација. Антимакедонските политики го допреа врвот, или ќе дозволиме марионетската власт во Скопје да избрише сè што е македонско или Македонија ќе победи за да останеме свои на своето, трето нема.

Целта на сенародниот протест е со еден услов, а тоа е распуштање на Собранието и избори без Зоран Заев како премиер, соопшти „Македонија блокира“ денеска на прес-конференција.

МИА/Фото: Македонија блокира/Македонија бојкотира

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина шестмесечно бебе со морбили на Инфективната клиника

Редакција

Почина штипјанка позитивна на корона вирусот

Редакција

Александар Пандов именуван за претседател на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, кој се воведе согласно новиот статут

Редакција