еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Анкета на ИПИС: 72,8% од Македонците се против францускиот предлог

Во истражувањето на Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) на прашањето „дали би прифатиле почеток на преговори со ЕУ по цена Македонија да се согласи со т.н. француски предлог“, 72.8 отсто од етничките Македонци опфатени со анкетата одговориле со „не“.

Mнозинство од анкетираните граѓани, без оглед на етничката припадност се против, односно со „не“ се изјасниле 56 проценти од анкетираните.

Анкетата е спроведена од 4-ти до 6-ти овој месец, на база на телефонско јавување, а контактирани биле 1.114 полнолетни граѓани.

Петнаесетина проценти од Македонците би се согласиле на почеток на преговорите со ЕУ врз база на овој предлог, а близу 30 проценти од вкупно анкетираните би кажале „да“ за ваков почеток на преговорите.

Граѓаните Македонци се сомневаат дека има разлика меѓу претходниот и „модификуваниот“ француски предлог, па 62,8 проценти велат дека станува збор за истиот предлог.

Во однос на повеќеетничката структура, 48,2 отсто од граѓаните се согласуваат дека предлогот е ист, односно дека има козметички измени.

Протестите за отфрлање на францускиот предлог го поддржуваат мнозинството Македонци, но и мнозинството од вкупно анкетираните граѓани.

Од Институтот велат дека испитаниците се избрани по случаен избор, но дека е запазена демографската, половата и друга структура битни за непристрасни истражвањана јавното мислење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Софија Куновска: Ќе излезе ли од владата ДУИ ако СДСМ не застане зад францускиот предлог?

Владата ја достави предлог-преговарачката рамка до Собранието, Протоколот не го спомнува

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти

Редакција

(Фото) ТАВ го отвори реновираниот бизнис-салон на Меѓународниот аеродром Скопје

Редакција

339 предмети од Македонија чекаат пресуда пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур 

Редакција