Кој има најголем број на бензински станици во Македонија

Во Македонија тековно работат околу 392 бензински пумпни станици, покажува годишниот извештај на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) за 2025 година.

Макпетрол АД Скопје поседува најголем број на бензински станици – 128.

Потоа следуваат Лукоил Македонија ДООЕЛ Скопје со 40 бензински станици, и ОКТА Бренд со 29 бензински станици.

Останатите околу 195 бензински станици се во сопственост на повеќе други домашни претпријатија.

Дел од претпријатијата што поседуваат бензински станици, покрај основната дејност да продаваат горива на своите бензински станици, се јавуваат и како трговци на големо, односно дел од набавените течни горива не ги продаваат преку бензинските станици, туку ги продаваат директно на крајни потрошувачи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од кои земји увезува Македонија нафтени деривати

Кои се најголемите увозници на нафтени деривати во Македонија

Кои биле главните “играчи“ на пазарот со нафтени деривати во Македонија лани

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести