Момчето кое се повреди во Турција е во добра состојба, Мерџановски апелира на внимателност при скок во вода

Момчето кое беше транспортирано од Турција по тешка повреда на ‘рбетниот мозок е во добра состојба.

-Виталните параметри се стабилни и е надвор од животна опасност, информираше директорот на Клиниката за ТОАРИЛУЦ, Игор Мерџановски

-Вчера имаше покачена температура, но сите направени тестови се негативни на инфекција и најверојатно станува збор за реакција на транспортот и претходната операција. Од денес тој почна да се храни на уста и имаме подобрување на општата состојба, рече Мерџановски.

Следната недела се очекува пациентот да биде префрлен на Одделот за трауматологија, каде ќе продолжи интензивната рехабилитација, а потоа и во специјализиран центар за понатамошно закрепнување.

Мерџановски апелираше да не се скока во базени и во непроверени води, укажувајќи дека повредите може да остават траен инвалидитет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Момчето кое се повреди на тобоган во Турција се лекува на ТОАРИЛУЦ, има сериозни повреди на ‘рбетниот столб

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести