Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека на 08.08.2026 година во 21:40 часот во Кочани, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи (ОВР) Кочани го лишиле од слобода А.М. (19) од Кочани, постапувајќи по претходна пријава од неговата 18-годишна поранешна партнерка од виничко.
Тој во периодот од 30.07.2026 до 07.08.2026 година преку мобилни апликации и уреди без нејзина согласност направил од неа експлицитни видеа и фотографии и преку апликации на социјалните мрежи и испраќал пораки со навредлива содржина, а таквите видеа и снимки ги направил достапни и за трети лица.
По целосно документирање на случајот за него ќе следува соодветен поднесок.
Фото: Unsplash














