Грчката полиција отвори истрага за тоа кој отстранил 105 гранични столбови (маркери) на грчко-македонската граница, пишуваат грчките медиуми, пренесува дописникот на еМагазин од Солун.
Столбовите, некои високи и до еден метар, се отстранети ноќта помеѓу четврток и петок, на дел од границата, кој е долг 13 километри, пренесе агенцијата АП.
Станува збор за областа помеѓу селата Месокамбос и Месокамбос во близина на градот Флорина (Лерин).
„Во периодот од 23 до 24 ноември 2018, непознати сторители уништија – оштетија 105 пирамиди – столбови кои ја означуваат граничната линија меѓу Грција и ПЈРМ, конкретно во делот што е северно од локалната заедница Месокамбос до источно од локалната заедница Ахлада во општина Лерин, соопшти грчката полиција.
Како што пренесува грчката новинска агенција Athens-Macedonia News Agency, за инцидентот алармирана е и војската.
Фото: cdplodge.com