еМагазин
Image default
Македонија

Прв состанок на собраниското тело за помирување во среда

Собраниското кородинативно тело за помирување и интеграција својот прв состанок ќе го одржи во среда. На седницата, како што информираат претставници на осумтемина пратеници од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ се очекува да бидат изнесени размислувања во врска со содржината на законот за помирување за настаните од 27 април во Собранието.

Ќе ги соочиме фактите, велат пратениците и посочуваат дека се уште траат консултациите со правниците во врска со овој закон за помирување.

Во среда седница ќе има, но не значи дека на неа ќе помине некаков текст на закон за помирување, нагласуваат од оваа пратеничка група.

Координативното тело што го предводат потпретседателката на Собранието, Фросина Ташевска Ременски и Емилија Александрова од независната пратеничка група брои 25 членови меѓу кои потпретседателите на Собранието, координаторите на пратеничките групи со исклучок на ВМРО-ДПМНЕ и претставници на независните пратеници и партиите кои немаат пратенички групи.

Дали ваков закон за помирување ќе има поддршка од пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе зависи од тоа што ќе биде понудено, посочуваат пратеници од оваа пратеничка група без разлика на тоа што не учествуваат во работата на координативното тело.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Директор на јавно претпријатие се вработил сам себе во истото претпријатие, откри Антикорупциска

Редакција

Влада: Идентитетот и јазикот не може да бидат предмет на преговори

Редакција

Таравари засега единствен кандидат за претседател на Алијанса за Албанците

Редакција