Додека македонските надлежни органи собираат докази за тоа како избегал Никола Груевски по задоцнетата меѓународна потерница и откако Владата побара екстрадиција дури откако тој доби политички азил, по што следуваше вчерашното одземање на пратеничкиот имунитет на екс-премиерот со гласање во Собранието, македонските граѓани кои патуваат во Унгарија си најдоа нова забава.
На социјалните мрежи се почесто можат да се видат селфи-фотографии со плакатите на Груевски поставени од противниците на Виктор Орбан или со плакати за рекламирање на тамошните весници, на чии што насловни се појави Груевски.
Тажно е што нашата земја наместо по ликови од културата, спортот и другите благородни дејности во светот стана позната по „големото бегство“ на Груевски, што само ја илустрира непососбноста или неволноста на државата навреме и соодветно да се справи со политичките криминалци.
За тоа време, оние ситните кои крадат кебапи или пушат марихуана скапуваат по македонските затвори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Колку е богат пријателот на Груевски, Виктор Орбан
(Фото) Груевски на насловна на унгарскиот магазинот ХВГ: “Ја сакам Унгарија“
(Фото) Транспарент со Груевски „виси“ на унгарскиот Парламент