Српскиот претседател Александар Вучиќ е добитник на годинешната меѓународна награда Златен лав за мир, но не се појавил на свеченоста на доделување во Венеција, поради ситуацијата на Косово и кризата предизвикана од царинските мерки на Приштна, пренесе jutarnji.hr.
Вучиќ за наградата вели дека „е наменета за сите сите луѓе кои го обврзале да бара мир, во тоа го поддржале и му дале сила.“
„Ме обврзаа на тоа да работам, за тие да бидат наградени. Не само со овој „Златен лав“, туку и со мир“, вели Вучиќ
„Јутарњи лист“, за оваа информација на нивната фејсбук-страница напишаа „да, добро прочитавте“.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.