еМагазин
Image default
Локално

Во градинка во Кавадарци експлодира бојлер

Во градинка во Кавадарци синоќа експлодирал бојлер. Нема повредени, потврдија за МИА од Теритиријалната противпожарна единица од Кавадарци.

– Ни трага од бојлерчето по експлозијата, само грејачите беа останати. Мијалникот беше сокршен, плочките одоколу одлепени. Вратата која била отворена, ја најдовме изгорена. Таму, но и во ходниците имаше поголемо количество чад, појаснија од противпожарната единица.

Пожарот прво бил забележан од обезбедувањето на градинката кое вршело патрола.

– Нивната навремена дојава и нашата навремена интервенција спречија поголема трагедија, рекоа од противпожарната служба.

МИА/Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Неколку станови зафатени од пожар во Скопје

Редакција

Во Куманово пронајдена исчезнатата девојка од Ѓорче Петров

Редакција

Крвава пресметка меѓу 85-годишна кумановчанка и нејзиниот 61-годишен син

Редакција