ВМРО-ДПМНЕ денеска попладне повторно организира протест против Владата и нејзините политики.
Како и минатата среда, протестот треба да почне пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ и да заврши пред Владата на Република Македонија.
Од партијата најавија дека протести ќе се одржуваат секоја среда, така што граѓаните треба да навикнат дека освен редовниот секојдневен сообраќаен метеж, среда станува ден на сообраќаен хаос.
Така што, тие што можат подобро е возилата да ги остават дома и да најдат алтернативен начин за превоз или пак психички добро да се подготват за сообрќајните турканици.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Протест на ВМРО-ДПМНЕ: Наместо живот, Владата донесе пекол во Македонија
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.