еМагазин
Image default
Македонија

Предлог законот за амнестија за настаните од 27 април готов до крајот на неделата

Процесот за помирување во насока на евроатлантските интеграции на Република Македонија доби силна поддршка од претседателот на Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент, Дејвид Мекалистер и европратеникот Кнут Флекенштајн, кои денеска имаа средби со собранискиот спикер Талат Џафери, потпретседателите, кординаторите на пратеничките групи и независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што изјави Емилија Александрова од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, од европратениците и евроамбасадорот Самуел Жбогар кој ги придружувал, добиле охрабрување и насоки за продолжвање во правецот во кој се движат.

– За нас како осум независни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ тоа има големо значење и покажува дека сме на вистинскиот правец, и дека процесот кој тече во државата во однос на процесот на интеграции, на реформи и на помирување е токму вистинскиот пат по кој мора да се движи Македонија. Ова се историски моменти, препознаени од сите, и од нас осумте пратеници, рече Александрова.

Таа додаде дека од страна на нивната група било истакнато дека ова се сензитивни моменти за македонскиот народ и оти нема место за импровизации и манипулации со националните чувства на народот.

– Сите мора да бидеме искрени и да веруваме во овој процес затоа што ние немаме резервна држава, а нашата држава РМ мора да се движи напред кон евроатлантските интеграции, посочи Александрова.

На новинарско прашање таа појасни дека во разговорите со Мекалистер и Флекенштајн бил појаснет концептот на телото со сите три подгрупи за што вели добиле апсолутна поддршка, а било истакнато дека се очекува подобрување на општата атмосфера особено процесот на помирување, кој вели, е пресуден за нашата држава.

– Ние сме транспаренти и се надеваме дека со таа транспарентност ќе охрабриме повеќе пратеници да се вклучат во овие процеси, рече Александрова.

Таа најави дека подгрупата треба да одржи состанок до крајот на неделава кога очекува да биде поднесен предлог законско решение за амнестија во врска со настаните од 27 април.

Запрашана дали ќе останат до крај поддржувачи на уставните измени, Александрова рече дека реформите, интеграциите и помирувањето одат заедно, бидејќи еден без друг нема да дадат квалитетно решение кое е потребно за државата.

-Затоа очекувам и верувам дека сите учесници во овој процес како и досега ќе останеме доследни ќе покажеме разумниост и секој во својата сфера ќе си придонесе да се реализира комплетно овој процес, нагласи пратеничката Емлија Александрова.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двајца од новопочинатите од корона вирусот немале контакт со потврден случај, еден без претходни заболувања

Редакција

Во случај на судир на две права, предност треба да им се даде на правата на детето, вели Зибери за штрајкот

Редакција

Влада: Ученичките и студентските домови ќе се користат како капацитети за сместување „против“ корона вирусот

Редакција