еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нов закон за СЈО: Колкави ќе бидат платите на специјалните обвинители?

Министерството за правда го објави нацрт-предлогот за нов закон за Специјалното јавно обвинителсто според кој платата на Специјалниот јавен обвинител се определува во висина од 5% пониска од платата на Јавниот обвинител на Република Македонија.

„Платата на јавните обвинители во Специјалното јавно обвинителство се определува во висина на плата на јавен обвинител на Вишо јавно обвинителство.

Специјалниот јавен обвинител и јавните обвинители во Специјалното јавно обвинителство имаат право на додаток за посебните услови за работа, додаток за постоење на висок ризик и додаток за доверливост.

Платите и другите надоместоци на вработените во јавнообвинителската стручна служба во Специјалното јавно обвинителство ќе бидат регулирани со закон и колективен договор“, пишува во предлог-законот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов нацрт-закон: СЈО ќе може да го гони претседателот, министри, судии, амбасадори, градоначалници…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поранешен помошник-министер без тендер договорил сервис на службени возила на МВР, заработи кривична

Редакција

Груевски до 8 ноември треба да се јави во затвор

Редакција

МВР склучи договор со Veridos GmbH вреден 3,5 милиони евра

Редакција