Ректорот, на Универзитет „Мајка Тереза“ во Скопје, д-р Азис Положани, денес, на посебна манифестација, додели благодарници на Општина Чаир и ОУ „Конгреси и Манастирит“ за поддршката и успехот на образовниот процес на универзитетот.
„Факултетот за градежништво и архитектура, факултетот за информатички науки, факултетот за технички науки, факултетот за технолошки науки и факултетот за социјални науки се нешто повеќе. Професорите и студентите таму не учат само за тоа како да програмираат, како да градат и како да произведуваат, туку и за тоа како да живеат.
Многу е важно како да ќе се снајдат во општество, каде секој ден е сѐ потешко за младите да се вработат. Од Вашите зборови и пенкала, во нивните раце се положуваат алатките за напредок.“, истакна ректорот, д-р Азис Положани, пред соработниците, административното и академското тело на универзитетот.
Тој додаде дека со работата се на раскрсница на историјата и затоа не смеат да дозволат да се најдат во погрешна насока, и дека за темелите кои се поставени за да се најде вистинскиот пат заслуга имаат Владата на Република Македонија, Министерството за образование и наука, а во голема мера се заслужни Општина Чаир и ОУ „Конгреси и Манастирит“ – Скопје, каде следат настава голем број студенти од УМТ.
Во склоп на манифестацијата се одржа и посебен семинар за академскиот и административниот кадар на Универзитет „Мајка Тереза“ од Скопје.
Истиот беше отворен од страна на генералниот секретар на универзитетот, Бујар Кaјоли, кој порача, „Создавате индивидуи кои ќе го поттикнат напредокот на општеството и заедницата. Во секоја комуникација со Вас гледам дека ‘Студентот е на прво место’“.
Воедно, се одржаа и предавања на теми „Eвропски кодекс за добро административно однесување/работење“, од г-н Ристо Костуранов, генерален секретар на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, и „Што носат измените на Законот за високо образование“ со г-н Агим Рушити, раководител на сектор за високо образование при Министерство за образование и наука.