еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

Градоначалникот на Кисела Вода притиска да се испита дали има линдан во Пеленица, бидејќи не сака да остане дамка на тоа излетничко место

Притискаме да се испита дали има линдан во Пеленица, бидејќи не сакаме да остане дамка на тоа излетничко место, а уште помалку сакаме да имаме нетретирани хемикалии „во нашиот двор“, вели градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски во разговор за „Мета“.

Тој вели дека сите сознанија што ги има Општината се од разговори што се правени со вработени од ОХИС од минатото, но потенцира дека многу голем дел од документацијата од ОХИС повеќе не постои.

– Ние контактиравме со стечајниот управник да се види дали има некоја конкретна документација, нешто напишано. Во целосната документација за ОХИС нема никаква информација дека таму постои складиран линдан во било каков облик и форма. Целиот проблем е што поради начинот на кој што беше затворен ОХИС, голем дел од документацијата ја нема, некој во брзање не гледал што зема.

Тука се изгубени и дел од документите кои што ја третирале депонијата. Според информациите на вработените, таму сигурно има депонија само треба да се испита што е ставено. За разлика од ОХИС, на оваа локација нема направено базени и бурињата се ставани директно во земја со тоа што, како што бев информиран, процесот на распаѓање на бурињата е многу побрз отколку во тие во базените во ОХИС – вели Темелковски.

Мета/Фото: Мета

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Конечно забрана од МОН: Децата одеа на екскурзии во Пеленица каде што има депонија со токсичен линдан

Дивата депонија со канцероген линдан во Драчево ќе се огради до крајот на годината, кога ќе се анализира почвата не се знае

Необележана депонија со 8.000 тони канцероген линдан од ОХИС ја труе околината на Драчево

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Венко Глигоров сподели искуство од возењето по новиот автопат во Косово: „Честитки за нив, ние сме тешки бруки“

Редакција

Од среда пет дена Пиволенд во Скопје: Кој се ќе настапи

Редакција

„Винер“ го доби тендерот за осигурување на вработените во МВР вреден 51 милион денари

Редакција