На 28.12.2018 година во 02,40 часот во Скопје на улица „Кринска“, поради самозапалување на електрични кабли и сандаче на бандера настанал пожар, од кој биле зафатени и патничко моторно возило „Фолксваген пасат“, сопственост на Д.А.(48) од Скопје и патничко моторно возило „Ауди А6“, сопственост на „Порше лизинг“, а користено од Ш.С.(55) од Скопје, информира МВР.
Пожарот бил изгаснат од Противпожарна екипа.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.