еМагазин
Image default
Македонија

Томислав Османли: Во Македонија се затвораат читалните, а ширум се отвораат затворите. Срамота!

Ете: во Македонија се затвораат читалните, а ширум се отвораат затворите. Се’ додека е така, не чудете се што животот се одвива наопаку, поради вредностите кои примитивците на власт не престануваат да ги тумбаат на глава!!!, напиша на својот Фејсбук профил писателот Томислав Османли по повод одлуката на градоначалникот на општина Центар да ги затвори читалните „Славко Јаневски“ и „Ацо Шопов“ со образложение дека општината немала пари за нивно финансирање.

„Е, што да се прави кога никој денес не влегува во читалните уште помалку што не плаќа за просторот на книгата?…“ Да остане!!!! Тоа е нашиот паметник на отпорот, кој сега се затвора, додека оние на вмро, сосе кичот на владата остануваат нечепнати!

Читалната ја отворивме во знак на поддршка на Славко Јаневски, нашиот книжевен и воопшто уметнички великан кога го лустрираа криминалците на дпмне… Тогашната опозиција го поддржуваше тој потег овозможен со поддршката на тогашниот опозиционен градоначалник на Центар: И?! Толку било. Сега не им треба читалната, не им треба Славко Јаневски, еден од симболите на културниот отпор кон демократурата на груевизмот!

Не им се исплати веќе…повеќе ќе им се исплати место читалните кои ги носат достоинствените имиња Славко Јаневски и Ацо Шопов да отворат некој кафич или коцкарница. Оваа земја и така е една биртија на пропаднати надежи и дом за espresso заработки и комар со сиромаштијата…

Внимавајте другари од сдсм и коалицијата, шарени и еднобојни, и вие од сите можни бои што се закачивте за власта: опасни дебаласни се произведуваат во ваше време и од ваше име! Ова нема врска со Преспанскиот договор.

Ова има врска со договорот што самите треба да го направиме со себе си и со својот културен хабитус, и како граѓани и како творци, а пред се како политичари во локалната и на централната власт!… А да пренаменеа пари од паркинзите кои ги прошириија дури и на Водно, и кои им носат енормни суми пари од граѓаните (the Macedonian overtaxed payers!)? Ова ли е животот за којшто се залагавме да дојде во Македонија, пред се’ во најградската општина на Македонија! Срамота !!!“, напиша Османли.

Општина Центар, пак, по бурните реакции во јавноста соопшти дека читалните нема да се затворат, туку дека едната ќе се дислоцира, а другата ќе остане на истата локација.

Фото: Фејсбук/Томислав Османли

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведен градоначалникот на Демир Хисар

Редакција

Влада без ДУИ, уставните измени да бидат ефективни кога Македонија ќе стане членка на ЕУ: Мицкоски го повтори условот на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Во селото Челопек се трага по наводната прва жртва на пожарите во Македонија

Редакција