еМагазин
Image default
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ објави јавен повик за избор на кандидат за претседател на Македонија

Согласно Одлуката на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесена на последната седница одржана на 22.12.2018 година, а врз основа на член 17 точка е од Статутот на ВМРО-ДПМНЕ денес објави јавен повик за пријавување на кандидатура до Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ за избор на кандидат за Претседател на Република Македонија за претседателските избори 2019 година.

„Сите оние кандидати, кои ги исполнуваат законски предвидените обврски и услови за кандидирање за кандидат за Претседател на Република Македонија и кои се согласуваат и ги поддржуваат политиките на ВМРО-ДПМНЕ и сметаат дека се потенцијален кандидат, треба да поднесат индивидуално писмо за изјавување на интерес за кандидирање на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ за избор на кандидат за Претседател на Република Македонија, најдоцна до 31.01.2019 година до 18:00 часот, во просториите на централното седиште на ВМРО-ДПМНЕ, тоа е плоштад ВМРО, Палата Христо Татарчев бр.1.

Веднаш потоа, сите кандидати кои ги исполнуваат условите, ќе имаат еднакво право да ги презентираат својот план и програма пред партијата, односно ВМРО-ДПМНЕ“, велат од партијата.

Согласно одлуката на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ на конвенцијата ќе учествуваат и одлучуваат 550 делегати.

Принципот за избор е тајно гласање, а за избран кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за Претседател на Република Македонија се смета кандидатот кој добил најмногу гласови од сите кандидати, но не помалку од 1/3 од вкупниот број на делегати.

Доколку ниту еден од кандидатите не го добил потребниот број гласови од 1/3 или кандидатите добиле еднаков број гласови, гласањето се повторува. Во повтореното гласање учествуваат двајцата кандидати кои добиле најмногу гласови во првото гласање.

„ВМРО-ДПМНЕ со идниот кандидат кој ќе го одбере за кандидат за Претседател на Република Македонија, ќе ја порази ова ненародна и криминогена власт и тоа ќе биде почеток на крајот на оваа црнила и оваа несреќа што ни се случува во моментов“, соопшти партијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Ковачевски во Брисел се сретна со Ердоган, Петков, Радев, Мицотакис…

Редакција

За една недела 145 деца до 19 години заболеле со Ковид-19

Редакција

За Пендаровски шест месеци се премногу за решавање на спорот со Бугарија

Редакција