еМагазин
Image default
ЖИВОТ

(Галерија) Традицијата продолжува: Заеви ги посетија штитениците и вработените во Заводот за заштита и рехабилитација во Банско

Премиерот Зоран Заев, заедно со сопругата Зорица Заева, денеска по повод празникот Божик ги посетија штитениците и вработените во Заводот за заштита и рехабилитација во Банско, информираат од Владата.

„Премиерот Заев, традиционално веќе втора деценија, за новогодишните и божикните празници се дружи со штитениците пренесувајќи им пораки за радост, за поддршка и за подобро утре за секој од нив во рамки на заедничкото општество.

Низ разговорот, премиерот Заев потенцираше дека грижата и поддршката од инстиуциите за ранливите индивидуи и заедници е еден од најважните приоритети на Владата на Република Македонија, a унапредување на правата за лицата со попреченост особено доаѓа до израз во 2019 година со новиот Закон за социјална заштита„, велат од Владата.

Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Паричката во семејството на Заев се паднала во делот на работата

(Фото) Премиерот Заев со сопругата на божествена литургија во црквата „Свети Леонтиј“ во Водоча

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На овие телефонски броеви може да се јавите при сомнителни симптоми на корона вирус

Редакција

Наташа Апостолоска ги „запали“ социјалните мрежи: Условна казна доби оној кој ми го одзеде сопругот, бебето и мене ме остави со тешки телесни повреди

Редакција

Интензивирање на ТВ-наставата за да се опфатат сите предмети во основно

Редакција