еМагазин
Image default
Бизнис

„Македонијалек“: Граѓаните да бидат спокојни, сите вакцини се со важечки рок и безбедни за употреба

По информациите кои се појавија во јавноста за можно присуство на вакцини со истечен рок, компанијата „Македонијалек“, која е увозник и дистрибутер на МРП вакцините, изврши внатрешна контрола за да ги провери овие наводи.

„Контролата покажа дека сите МРП вакцини од марката „Priorix“, кои нашата компанија ги дистрибуира, се со важечки рок и сигурни за користење. На вакциналните пунктови има дистрибуирано вакцини од две серии, едната со важност до мај 2019 година, а другата до јули 2019.

При контролата, откриена е помала техничка грешка која вработените ја направиле при аплицирање на декларациите. Имено, кај мал дел од пакувањата се аплицирани старите декларации со датумот од претходниот увоз, односно октомври 2018.

Нашата компанија се извинува за овој пропуст и непријатностите кои биле предизвикани. Овие пакувања се веднаш повлечени како не би правеле понатамошни забуни во јавноста и соодветно ќе бидат заменети.

Граѓаните може да бидат сигурни дека сите вакцини се со врвен квалитет и важечки рок. Воедно ве известуваме дека горенаведената вакцина нашата компанија ја увезува од 2016 година и истата во континуитет, непрекинато се испорачува до здравствените установи со стандарден квалитет.

„Македонијалек“ стои на располагање за соработка со институциите за целосно расчистување на овој случај“, се вели во соопштението на компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вонреден инспекциски надзор покажал дека сите МРП вакцини имаат важечки рок и се целосно безбедни

Министерство за здравство: Вакцините МРП се со валиден рок на траење

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стопанска банка Скопје ја зголеми добивката за 46,2%

Редакција

Индустриското производство во ноември со пад од 4%, за 11 месеци пониско за 10,6%

Редакција

НБРМ: Tековниот политички контекст во државата не треба да се поврзува со стабилноста на денарот, ниту на банкарскиот сектор

Редакција