еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Галерија) Се отвори „Родителска куќа“: Топол дом за родителите од внатрешноста чии деца се борат со канцер на хемато-онколошкото одделение

Денеска се отвори „Родителската куќа“, со која ќе им се помогне на родителите што не се од Скопје да имаат топол привремен дом за да можат да им бидат најголема поддршка на своите деца кои се на подолг престој во болница и се борат со канцер на хемато-онколошкото одделение.

„Нема да дозволам повеќе родителите да спијат кај роднини, по околните подруми во куќите околу клиниките и автомобилите, додека нивните деца се борат за живот. Отсега, тие ќе имаат свој дом. Но, исто така, родителите ќе имаат и психолошка поддршка која е најважна за нив во тие моменти.

Како министер, здравствен работник и родител ќе сторам се за децата, бидејќи тие се нашиот најголем приоритет. Изградбата на „Родителската куќа“ е заеднички проект на Министерството за здравство и Здружението на граѓани „САНО“ од Скопје“, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Во родителската куќа изградени се четири апартмани во кои ќе има комплетно уредени бањи.

Родителите кои ќе престојуваат во куќата ќе може да ги користат заедничките простории како кујна, трпезарија и дневна соба.

За децата кои ќе престојуваат во оваа родителска куќа ќе има посебно опремена соба за едукација и разонода, како и библиотека.

Престојот во куќата и појадокот ќе биде бесплатен, а во куќата ќе може да престојуваат само оние родители кои ќе добијат препорака од одделенските лекари и директорот на Детската клиника, каде се лекуваат децата.

Фото: Министерство за здравство

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тасев: Подготвуваме куќа за родителите на децата кои се лекуваат од рак, да имаат каде да спијат

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведено лице од радовишко, осомничено за подметнување пожар

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог за зголемување на пензиите за 20% од април

Редакција

Вакцинација, негативен ПЦР тест или антитела – основните елементи нa „Дигиталниот зелен сертификат“ за движење низ ЕУ

Редакција