еМагазин
Image default
Балкан

Финишира проектот Преспански договор: Обезбедени 151 глас за доверба на Владата на Ципрас

Пратеникот од Река, Спирос Данелис ќе гласа за доверба на грчката Влада, наспроти партиската линија, а со синоќешната негова одлука се чини веројатно дека веќе се собрани неопходните151 глас.

Седницата за гласање на доверба на Владата почнува денес, а доколку има мнозинство тоа ќе биде силен сигнал за прифаќање на Преспанскиот договор.

Спирос Данелис од Река, вчера имаше средба со лидерот на партијата, Ставрос Теодоракис, кој според грчките медиуми, му дал ултиматум на пратеникот да му ја соопшти одлуката.

Река нема да гласа за доверба на Владата, додека пак за ратификацијата на Договорот од Преспа, секој пратеник ќе гласа според своето лично убедување.

Не е исклучена можноста, според медиумите во Грција, Данелис да биде исклучен од пратеничката група на Река.

Учеството на Данелис на конференцијата посветена на Договорот од Преспа во неделата вечерта, на која што се обрати и грчкиот премиер, многумина ја коментираа како чекор кон поддршка за Владата.

Освен Данелис, позитивно за доверба на Владата ќе гласаат и четворица пратеници од Независни Грци, министерката за туризам Елена Кундура, заменикот министерот за земјоделство, Василис Кокалис и пратениците Танасис Папахристопулос и Костас Зурарис, како и независната пратеничка и алтернативна министерка за цивилна заштита, Катерина Папакоста.

Овие шест пратеници, заедно со 145те на СИРИЗА се доволни за Владата на Ципрас, на гласањето утревечер да добие доверба од Парламентот.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Република Северна Македонија излезе во Службен весник

И Ципрас почна да не вика Северна Македонија

Твитер „експлодира“ за Северна Македонија: „Леле кој че се објаснува в лето на одмор во Грција од кај сум“

Твитер за „Северна Македонија“: „Дали Груевски може да се врати, пошто државата која го гонеше веќе не постои?“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе поднесе ли Вучиќ оставка поради несогласување за предлогот за договор со Косово?

Редакција

Ердоган: Падот на турската лира е заговор против Турција

Редакција

Македонец претседател на Албанија, зошто да не, во Црна Гора избраа Албанец за премиер, вели лидерот на МАЕИ, Стерјовски

Редакција