еМагазин
Image default
Балкан

Корона вирусот „допатува“ до грчкиот остров Миконос: Заболени осум вработени во бар на плажа

Бројот на новозаболени со Ковид-19 во Грција и понатаму од ден на ден се зголемува. Според последните податоци во земјата се регистрирани 153 нови случаи, во 20 различни делови на земјата.

11 случаи се по направените тестови на влезните точки во земјата, со што бројот на заразени од почетокот на епидемијата се зголеми на 5.123 лица.

Според грчките медиуми, повеќе од половина од новите случаи се во Атина и Солун, 40 и 38, 14 се во Лариса, осум кај вработени во бар на плажа на островот Миконос, седум се кај туристи кои доброволно се тестирале за време на нивниот престој во земјата, а од еден до четири случаи има во повеќе различни делови на земјата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Снимка од педофил како мами девојче во Нови Пазар го шокираше регионот

Редакција

Франција ја откри стратегијата за Македонија и Западен Балкан

Редакција

Капетанот и екипажот не ни пријавиле дека турнале патник во морето: Шокатни сведоштва на патниците од грчкиот брод

Редакција