СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.Д.(65) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, информира МВР.
На 26.11.2018 година околу 10.35 часот на крстосница од улиците „Благоја Тоска“ и „Љ.Б.Пиш“ во Тетово се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Опел корса“, управувано од пријавениот и патничко возило „Фолсваген Пасат“, управувано од М.М. од Тетово.
Откако двајцата увиделе дека нема видлива материјална штета на возилата, го напуштиле местото. По ова, на околу 30 метри од местото на настанот, пријавениот застанал со возилото и забележал дека сепак на него имало предизвикана материјална штета, се вратил на крстосницата и со пиштол испукал четири куршуми во воздух.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.