Заради запознавање на граѓаните со оданочувањето на одделните видови на доход (примања) согласно новините во Законот за данокот на личен доход кој се во примена од 1 јануари 2019 година, како и за полесна пресметка и пријавување на остварениот доход преку системот е-Персонален данок e-pdd.ujp.gov.mk Управата за јавни приходи ги изготви следните брошури: Oданочување на доход од закуп и подзакуп (2019), Оданочување на капитална добивка од продажба на недвижен имот (2019), Оданочување на приходи од продажба на сопствени земјоделски производи (2019), Оданочување на приходи остварени од вршење самостојна дејност во 2018 година (2019), Потврдување на годишна даночна пријава за остварени приходи во 2018 година.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.