еМагазин
Image default
Локално

Едукативната кампања за ИПАРД 2014 – 2020 продолжува во Валандово и Росоман

Продолжуваат инфо деновите од едукативната кампања за ИПАРД 2014 – 2020. Експертите од МЗШВ и АФПЗРР во Валандово и Росоман се фокусираа на прашањата  кои се однесуваат на преработувачката индустрија и примарното земјоделство.

Претставниците од Телото за управување со ИПАРД при МЗШВ ги претставија мерките за примарно земјоделско производство и за преработка на земјоделски производи. Притоа ги потенцираа приоритетните сектори, потенцијалните корисници, прифатливите инвестиции и критериумите.

Целта на денешните инфо денови беше придобивките од ИПАРД програмата да допрат до присутните и заинтересираните за да се заинтересираат да ги користат европските фондови планирани за 2014 – 2020.

Претставници од Секторот за одобрување на проекти од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја објаснија целосната постапка за користење на средства од ИПАРД 2014 – 2020. Презентирани беа самите јавни повици, потребните документи а покажано беше како изгледа еден деловен план/ТПП.

Информациите околу деталите, потребните документи и јавните повици сите заинтересирани може да ги погледнат на веб страниците на ИПАРД Македонија, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и тоа ipardpa.gov.mk, ipard.gov.mk, mzsv.gov.mk, agencija.gov.mk или да се јават во сектор ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 и 047/228-370.

Во тековниот период на едукативните денови ги потсетуваме земјоделците дека во тек се 2 отворени јавни повици.

Рокот за поднесување понуди за „Инвестиции во материјални средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“ истекува на 29-ти јануари, а за мерката „Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства“ на 9-ти февруари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Момче од Куманово пронајдено починато во затвор

Редакција

Вчера изгаснати 32 пожари, активни се два

Редакција

Несекојдневен случај: Со автомобил влетал во Луда Мара, преку прозорци спасил жива глава

Редакција