Владата ја прифати информацијата за потребата од обезбедување на финансиски средства за реализација на проектот Изградба на железничка пруга од Крива Паланка до граница со Република Бугарија.
Според информацијата, ќе се обезбедат дополнителни финансиски средства во износ од 345 милиони евра преку Министерството за финансии и Јавното претпријатие Македонски Железници Инфраструктура.
Фото: Министерство за транспорт и врски
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.