По преземени мерки и активности од СВР Куманово, на 23.01.2019 година во 16.15 часот од слобода е лишен Љ.М. (22), кој се бараше по Потерница од Казнено-поправната установа Охрид, информира МВР.
Љ.М. бил осуден на 5 години и 9 месеци затворска казна за сторени кривични дела од областа на имотни деликти, а на 04.12.2018 година пријавено е дека избегал од Казнено-поправната установа Охрид.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.