еМагазин
Image default
Локално

Затворен угостителски објект во Куманово, работел по дозволеното време

На 19 јануари во 19.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово извршиле контрола во угостителски објект на  улица „Професор Мијаковиќ“ во Куманово.

„При контролата било констатирано дека објектот работи по дозволеното работно време за угостителски објекти, а во објектот биле затекнати десет гости и сопственикот М.С.(48) од Куманово.

Од страна на  Државен пазарен инспекторат објектот бил затворен. По целосно документирање на случајот, против сопственикот ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“,“ соопштија од МВР.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детали од МВР за кобната сообраќајка меѓу двајцата моторџии на автопатот Велес-Гевгелија

Редакција

Општинскиот штаб за заштита и спасување на Куманово: И војската да се приклучи во воспоставување на ред

Редакција

Зголемено нивото на реките, езерата во рамки на просекот за јуни

Редакција