еМагазин
Image default
Бизнис

Комерцијална банка со придружните друштва оствари добивка од 29 милиони евра за една година

Во периодот 01.01-31.12.2018 година Комерцијална банка АД Скопје од своето работење на консолидирана основа оствари нето добивка за финансиската година во износ од 1,8 милијарди денари или околу 29,3 милиони евра, соопшти банката преку Македонската берза.

„Вкупната актива на консолидирана основа изнесува 114.393.700.000 денари, додека консолидираниот износ на капиталот и резервите со состојба 31.12.2018 година изнесува 12.473.800.000 денари“, соопшти банката.

Консолидираниот неревидиран биланс на успех и биланс на состојба на банката за периодот 01.01-31.12.2018 година се состои од билансот на успех и билансот на состојба на Комерцијална банка АД Скопје, на подружницата КБ Публикум инвест АД Скопје – Друштво за управување со инвестициони фондови и на придруженото друштво КБ Прво пензиско друштво АД Скопје – Друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови, претставени како биланс на успех и биланс на состојба на едно правно лице.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од денеска нова цена на мазутот, цените на бензините остануваат исти

Редакција

Охридска банка за девет месеци со добивка од 385,6 милиони денари

Редакција

Владата на ЕСМ ѝ одобри 2,9 милијарди денари за справување со кризата со струја

Редакција