еМагазин
Image default
Локално

Малолетници од Штип и Кочани „оперирале“ цркви и куќи во Охрид

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против две малолетни лица од Штип и Кочани поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“, информира МВР.

Во периодот од 25 до 28 декември минатата година пријавените со употреба на сила влегле во црквата „Св.Архангел Михаил“ на улица „Вардар”, а потоа и во две куќи на улиците „Пирин pланина“ и „Петар Поп Арсов“ во Охрид. Со извршувањето на делата пријавените се стекнале со противправна имотна корист од околу 40.000 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трагедија: Младо момче од Кичево почина од струен удар

Редакција

Општина Пехчево: Апелираме труењето на кучињата да запре веднаш

Редакција

Русин „мортус“ пијан возел шлепер на патот Прилеп-Кавадарци

Редакција