еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Продолжено времето за право на абортус: Нема веќе чекање и објаснување зошто жената сака да абортира

Министерството за здравство го предложи, а Владата го разгледа и усвои предлог – законот за прекинување на бременоста.

„Со новиот предлог-закон жените веќе нема да имаат потреба да чекаат три дена по советувањето за да биде спроведена интервенцијата, нема да бидат принудени да објаснуваат зошто сакаат да ја прекинат бременоста и никој друг нема да решава за прекинот на бременоста. Правото на жената за прекинување на бременоста е само нејзин избор.

Со измените на Предлог-законот, се остварува правото на жената за безбеден прекин на бременоста и укинување на постојните административни процедури-бариери кои го одолговлекуваа спроведувањето на постапката за прекин на бременоста.

Новиот Закон предвидува прекинувањето на бременоста да може да се изврши до истекување на дванаесеттата гестациска недела со писмена согласност од бремената жена.

Ако бремената жена е малолетна или и е одземена деловната способност, прекинувањето на бременоста може да се изврши со писмена согласност од родителот, односно старателот на бремената жена.

Пред зафатот за прекин на бременоста лекарот е должен да  ја информира жената за постапката за прекинување на бременост, што може да се очекува за време на прекинувањето на бременоста и по завршувањето на постапката, за методите на контрацепција пред и по спроведувањето на прекинување на бременоста на начин разбирлив за жената, за да може да донесе одлука и да даде изјава за согласност.

Овој закон и дава право на жената соодветно да одлучи за прекинување на бременоста до 22 гестациска недела, а не како до сега до 12 недела“, се вели во соопштението на Владата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Осумдесет годишната Павлина е најстарата мајка во Македонија која донирала бубрег на својот син

Редакција

Од 1.592 починати од Ковид-19, 282 биле вакцинирани

Редакција

Пановски: Природниот имунитет е посилен од вештачкиот, дајте им 6 месеци на прележаните за да се вакцинират

Редакција