еМагазин
Image default
Локално

Го уапсиле бидејќи побегнал откако прегазил битолчанец

На 31 јануари во 21.20 часот полициски службеници од Полициска станица за безбедност на сообраќајот Битола, како и полициски службеници од Криминалистичка полиција во содејство со полициски службеници од Полициско одделение – Велушина, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела по член 300 и член 301 став2 од Кривичниот законик на Република Македонија , во село Бистрица , битолско, го лишиле од слобода Г.П.(44) од село Бистрица, информира МВР.

Тој, на 29 јануари на улица ,,Васко Карангелевски“ во Битола со возило удрил во пешакот С.В.(56) од Битола, по што побегнал од местото. Наредниот ден, 30 јануари, во Клиничката болница Битола С.В. им подлегнал на повредите. По целосно документирање на случајот, против Г.П. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

23-годишно момче загина, седуммина повредени во тешка сообраќајка на патот Македонски Брод-Кичево

Редакција

Две починати лица пронајдени во нивните домови во Скопје и Битола

Редакција

54-годишен маж починал при извршување градежни работи во скопски Чаир

Редакција