Австриската асоцијација на инженери и архитекти го додели признанието Голем златен медал на честа (Great Gold Medal of Honour) на проф. д-р Милорад Јовановски од Градежниот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј”, за неговиот исклучителен научен и практичен долгогодишен придонес во развојот на инженерската геологија и геотехниката.
Доделувањето се случи на 31 јануари 2019 година на свеченото отварање на VÖBU FAIR – најголемиот геотехнички саем во Виена, Австрија, односно на 12. Австриска геотехничка конференција, посветена на „таткото” на современата механика на почви Карл Терцаги.
Признанието претставува највисока награда на Австриската асоцијација, а е многу многу значајно од причина што досега е доделено само три пати во нејзиното постоење. Прв пат во 1995, потоа во 2011 и оваа година го добива малкедонскиот професор Јовановски.
Тоа е резултат на долгогодишната соработка меѓу Универзитетот „Св.Кирил и Методиј” и Технолошкиот Универзитет од Виена. Оваа соработка досега резултира со голем број активности помеѓу Република Македонија и Република Австрија на ниво науката, високото образование и инженерството.
Тука може да се истакнат неколку моменти како: доделување на почесен докторат на науки (doctor honoris causa) и Орден на заслуги за Република Македонија на др. Ото фон Хазбург, потоа доделување на почесен докторат на науки и Медал на честа за Македонија на Проф. др Хајнц Брандл, потпишување на Меморандум за соработка на помеѓу Австриската асоцијација на инженери и архитекти и Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Македонија. Врв на сите активности беше одржување на многу ценетата 16. Европска Подунавска конференција за геотехничко инженерство во јуни 2018 година во Скопје.
Во сите овие активности низа години активен промотор е проф. д-р Милорад Јовановски за што и го добива ова ретко и престижно признание.