еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Фондацијата „Сончоглед“ од Албанија донираше опрема и апаратура за децата болни од рак

Донација од болничка опрема и апаратура наменета за хемато-онколошкото одделение од Фондацијата „Ти си сончоглед-You are a Sunflower“ доби Клиниката за детски болести во Скопје.

Донацијата со висина од 62 илјади евра е резултат на собраните средства од индивидуалци кои ги купуваа маичките на кампањата „Macedonia You are a Sunflower“.

Фондацијата со седиште во соседна Албанија и со оваа донација покажа како со соработка може да се променат состојбите и во соседните земји.

Новата болничка опрема којашто е ставена во функција се состои од болнички монитори, инфузиони пумпи, ултразвук, аспиратори.

„Здравството е навистина сензитивен сегмент, помошта е секогаш добредојдена, особено кога се во прашање децата и нивното здравје. Посебно сакам да изразам благодарност за неуморната доброволна работа и посветеност на фондацијата и уште еднаш сакам да нагласам дека е добредојдена секоја иницијатива и активност од ваков тип.

Децата се наш заеднички приоритет и со вакви иницијативи заеднички придонесуваме за уште подобра здравствена грижа за најмладите и токму ваквите партнерства и соработки предизвикуваат позитивни и хумани промени во општеството”, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МПЦ-ОА: Документот на СПЦ, препорака за автокефалност, надеж за скоро издавање на Томос од Вселенскиот патријарх

Редакција

Јавноста шокирана: Приказната на актерката Милена Радуловиќ за силувањето од страна на „угледниот“ професор по глума Алексиќ го крена Балканот на нозе

Редакција

Што може да ви помогне кога акните ненадејно ќе се појават?

Редакција