еМагазин
Image default
Македонија

Членството во НАТО годишно ќе не чини 1,2 милиони евра

Котизацијата за членството на Република Македонија во НАТО годишно ќе ја чинат земјата 1,2 милиони евра, рече вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска за Топ тема на телевизијата Телма

“Според разговорите кои што ги имавме во НАТО, проценките, калкулациите, негде околу 1,2 милиони евра ќе придонесува Македонија во буџетот за НАТО. Тоа не е голема сума. Факт е дека најголемиот дел од инвестирањето во НАТО е инвестирање во нашата одбрана и во нашата армија, а дека овој дел на трошоци не се трошоци од кои зависи буџетот на една земја, рече Шекеринска.

Таа најави дека по потшишувањето на протоколот за членство во НАТО ќе следи зголемување на персоналот на Мисијата на Македонија во седиштето на Алијансата поради зголемениот обем на работа.

“Нашата мисија во НАТО има одбранбен и дипоматски дел значи претствници од Министерството за одбрана и МНР. Според нашите планови, целта ни е во нашата Мисија во НАТО да имаме 15 претставници од Министерството за одбрана од кои најголемиот дел ќе бидат воени лица. Значи фокусирани на воената соработка, најверојатно десет воени лица и пет цивили или државни службеници. Во моментов таму имаме четворица, кои многу брзо ќе бидат помогнати со уште двајца државни службеници и воено лице и во тек се конкурси за уште три места. Така што очекувам релативно брзо, во следните 2-3 месеци таму да имаме девет до 10 лица и до крајот на годината да ги пополнуваме и останатите“, рече Шекеринска.

Таа рече дека следниот месец прв пат, после долго време ќе испратиме наш претставник во командата во Монс, за да се подобрат и воените врски, бидејќи, како што посочи, голем дел од соработката со НАТО ќе биде со многу изразена воена димензија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Влеговме во НАТО, сега уште во 21 век да влеземе и ок сме„: Твитер се „загреа“

Грчките медиуми почнаа да го користат името Северна Македонија: Реакции за потпишаниот Протокол за НАТО

Веста за Протоколот меѓу Македонија и НАТО одекна во светските медиуми

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Апелација ја укина пресудата за „бомбашот“ Ел Чека

Редакција

Јахоски не ја напуштил пратеничката група на ДУИ, на веб страната на Собранието е направена техничка грешка

Редакција

Намалување од 10,8%: За една недела регистрирани 705 нови позитивни случаи на Ковид-19

Редакција