еМагазин
Image default
Македонија

Обвинителите ќе расправаат за иднината на предметите на СЈО

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески за денеска свика седница на Стручниот колегиум на јавните обвинители на кој ќе се расправа што понатаму со истрагите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), а по објавеното правно мислење на Врховниот суд на Република Македонија.

На седницата ќе се разгледува барањето мислење од колегиумот на судии при Основниот суд Скопје 1, за начелното правно мислење на Врховниот суд на Република Македонија од 30 јануари годинава.

Седницата, како што соопшти ЈОРМ, е свикана во проширен состав, односно покрај Јавниот обвинител на Република Македонија и јавните обвинители во Јавното обвинителство на Република Македонија ќе присуствуваат и вишите јавни обвинители на Вишите јавни обвинителства и јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Кривичниот суд Скопје вчера побара од државниот јавен обвинител Љубомир Јовески да се произнесе кое обвинителство може во иднина да постапува како овластен тужител во предметите поднесени од Специјалното јавно обвинителство.

Од Судот посочуваат дека, сé до произнесување на државниот јавен обвинител дали предметите ќе останат во надлежност на СЈО или ќе бидат преземени од Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, Основниот суд Скопје 1 – Скопје во сите предмети постапува согласно одредбите од ЗКП, а за предметите на СЈО добиени по истекот на рокот за кој милење даде Врховниот суд на РМ, кои се итни и неодложни ќе одлучуваат надлежните кривични совети, сé со цел да не дојде до непотребно одолговлекување

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ако некој предмет од СЈО отворен надвор од рокот стигне до Врховен суд, тој ќе ја укине пресудата, најави Вангеловски

За тоа што СЈО е пред свршен чин, главни виновници се СДСМ, ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, а не Врховен суд

Ќе се спасат ли Ахмети, Мијалков, Бонева, Камчев, Османи, Милошоски, Тодоров… од прогон?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Идната недела средба Османи – Захариева, Германија не отстапува од старт на преговорите со Македонија

Редакција

Казнети 683 граѓани за неносење маска

Редакција

Медицинска сестра од штипскиот Центар за лица со попреченост позитивна на Ковид-19, центарот привремено затворен

Редакција