еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Канадскиот премиер Џастин Трудо се допишува со македонски ученици за климатските промени

Канадскиот премиер Џастин Трудо им пиша писмо на група македонски основци од меѓународното училиште „Нова“ во Скопје.

Учениците имале дилеми околу едно од најголемите пронаоѓалишта на нафта во светот во провинцијата Алберта кое е меѓу најголемите светски извори на нафтени шкрилци.

Спореведувајќи го своето истражување, за и против експлоатацијата на овие нафтени резерви, тие одлучиле да му испратат писмо и на канадскиот премиер.

– Како професор и премиер на Канада сакам да го слушнам гласот на младината од целиот свет. Го почитувам вашиот став на темата и како и вас така и нашата влада разбира дека заштитата на околината и економскиот раст одат заедно.

Поради тоа, најавивме иницијативи како што е данокот за јаглероден диоксид со зацртан бенчмарк кој ќе ни помогне да ги достигнеме нашите цели за емисија на зелени гасови.

Дополнително, дел сме од повелбата Г7 со која се внимава да се задржи пластиката во економијата и надвор од водите. Младината како вас не само што е лидер на иднината туку и е лидер и на денешнината. Се надевам дека ќе продолжите да работите напорно во училиште и да ги инспирирате другите да креираат промени – се вели во писмото на премиерот Џастин Трудо.

Професорот Роберт ван дер Ајкер кој го води одделението во „Нова“ вели дека учениците му поставиле директни пршања околу заштитата на животната средина на која канадскиот премиер одговорил притоа напоменувајќи дека и тој има работено како учител.

– Во „Нова“ го мотивираме критичкото размислување и поставувањето на прашања. Навистина беше чест и задоволство што Трудо ни даде објаснување на тоа која е стратегијата и планот на Канада да го намали негативното влијание од нафтата и катранскиот песок – велат од “Нова“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Иницијативата на дизајнерите е полн погодок: Дневно се печатат по 1.000 заштитни маски на 3D принтери

Редакција

Традиционалното закројување на лозјата на „Тиквеш“ за Св. Трифун во знакот на новите прогресивни практики на винарницата

Редакција

Уникатоста на „вранецот“ ги отвора вратите на македонското вино кон светските вински пазари

Редакција