По третата жртва од морбили во Македонија неизбежно се поставува прашањето каде води кампањата против вакцинација на децата со образложение дека процесот на заштита на населението со вакцини е заговор на фармацевтската мафија.
Без да се навлегува во прашањето за квалитетот на вакцините и евнтуалната корист од милионските тендери, за кои одговорност и тоа како треба да понесат надлежните институции доколку има сознанија за злоупотреба при набавките, станува јасно дека сите оние кои против вакцинација се тотално необразовани лица подложни на рекла-казала муабети.
За тоа доволен доказ се бројките и искуствата од минатите години кои покажуваат дека приказните за појава на аутизам и други заболувања по вакцинација се сведуваат на проценти кои се пониски од еден отсто.
Затоа, крајно време е власта да расчисти со овој проблем односно да гарантира дека населението ќе има пристап да висококвалитетни вакцини, како и да биде подготвена на кривична одговорност доколку се докаже дека вакцините се причина за појава на болести кај децата.
Од друга страна, антиваксерите подобро е да се преселат во планина, бидејќи станува јасно дека веќе никој нормален нема да дозволи неговото дете да се дружи со невакцинирани врсници и да ризикува смрт на најмилите поради новите „модерни трендови„ на природно совладување на заразните болести.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трета жртва: Од морбили почина бебе од тетовско
Кои се симптомите и како се пренесуваат мали сипаници