еМагазин
Image default
Бизнис

Ќе се преиспитува договорот за спроведување на проектот за пругата Куманово-Бељаковце

Владата денеска на седница ја разгледала Информацијата за изградба на пруга Куманово-Бељаковце и донела заклучок со кој  се најавува дека ќе го преиспита Договорот за проектната единица за имплементација на проектот.

Како што информира владината прес-служба, Владата ќе направи предлог за да се измени обликот на проектот со цел поефикасно спроведување на договорот имајќи ги предвид значителните доцнења и нефункционалноста на проектната единица.

Фото: Министерство за транспорт и врски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Голем пад на прометот на Македонската берза во март

Редакција

Агенцијата за електронски комуникации склучи договор со ЕДС вреден 426 илјади евра

Редакција

Раст на прометот на Македонската берза од 15,14% во декември

Редакција