Новоизбраните членови на Државната комисија за спречување на корупцијата или во јавноста позната и како Антикорупциска комисија и по повеќе од десет дена од нивниот избор, се уште на официјалната веб страна ги немаат објавено анкетните листови за нивнатата имотна состојба.
Рокот за објавување на анкетните листови за новоизбраните функционери е 30 дена, но токму членовите на оваа државна институција во која поднесуваат анкетни листови сите функционери, треба да бидат пример за останите функционери и не мораат како мнозинството да чекаат до крајот на законскиот рок.
Претседателка на Комисијата е Билјана Ивановска, а Нури Бајрами е потпреседател.
Членови се Владимир Георгиев, Софка Пејовска Дојчиновска, Катица Николовска, Горан Трпеноски и Салаи Шемши.
Новите антикорупционери имаат мандат од пет години.
П.С. И оваа институција, како што може да се види на веб страната, почна да користи новото име Република Северна Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Запознајте ги новите антикорупционери: Баџанакот на Џафери, Нури Бајрами бил печалбар и новинар