еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Еколошка катастрофа во Струга: Намерно ја палат трската за да можат да градат

Изгоре поголема површина трска од крајбрежниот појас на Охридското Езеро на потегот од Струга до селото Калишта. Екологистите забележуваат дека трската намерно се пали, со што се расчистува терен за изградба на хотели и плажи.

Марјан Главинчески член на извидничкиот одред „Крсте Јон“, кој работи на мониторинг на појасот на трски на Охридското Езеро вели дека палењето на трските е зачестено во овој период пред почетокот на градежната сезона.

„Досегашно искуство покажува дека палењето на трските претставува подготовка за изградба на нелегални објекти, авто-кампови, плажи, хотели или други активности што би можеле да се случат во наредниот период. Нашите патроли ќе продолжат со мониторинг и ќе информираме за секое нарушување“, изјави Главинчески.

Тој најави дека подготвуваат пријава за палење на трските за непознат сторител, забележувајќи на незаинтересираноста од надлежните институции.

„Ако на уништвачите на трските им се поднесат пријави и се преземат казнени мерки против нив, нема да се случува ова. Интерес кај институциите нема“, заклучи Главинчески.

За незаинтересираноста на институциите, говори и фактот што и речиси после една недела од опожарувањето на дел од трските Инспекторатот за животна средина се уште нема направено увид.

„Не сум бил на терен и немам извршено надзор“, изјави државниот инспектор за животна средина Игор Трајкоски.

Од струшката тетиротијална противпожарна единица информираат дека последните денови неколку пати интервенирале на гасење на трски на потегот од Струга кон селото Калишта и сметаат дека пожарот се предизвикува намерно.

Трската преставува филтер на езерото, ја прочистува водата, рибите таму се размножуваат, а во неа живеат многу птици и други животни

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

КАМ се приклучи кон инвестицијата за поставување на првите вендинг-машини во Струга и Охрид

Редакција

(Видео) Граѓани седнаа пред багерите на Водно

Редакција

Глобален настан Климатон во Охрид: Зголемена соработка и заеднички активности неопходни за борбата со климатските промени

Редакција